Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Конески денеска ја прими во посета претставничката на Франкфуртската полиција Кристен Шелтон, придружувана од командирот на ПСОН „Аеродром“ Орце Јовановски.
Средбата се реализира во рамки на Меѓународната полициска асоцијација, а целта на посетата е размена на полициски службеници и размена на искуства, како и дружење на полицајците од целиот свет.
Кристен Шелтон, која работи на превенција на криминалот и е специјализирана за дизајн на околината, во текот на разговорот рече дека е воодушевена од Аеродром и од хигиената во општината, која претставува огромен дел во спречувањето на криминалот.
По средбата со градоначалникот, претставници од Општина Аеродром гостите ги прошетаа низ Општината.