Полиција го тресе организацискиот одбор на ОИ 2024

Француската полиција изврши упад во канцелариите на организацискиот одбор на Олимписките игри во 2024 година во Париз.

Портпаролот на „Париз 2024“ Џонатан Фирпо изјави за „Си-ен-ен“ дека „во моментов е во тек полициски претрес во седиштето на Организацискиот комитет“.

„Париз 2024“ целосно соработува со истражителите за да ги олесни нивните истраги“, истакна Фирпо.

Според внатрешната е-пошта испратена до вработените во комитетот, истрагата ја води француската финансиска полиција.

Олимписките игри следната година треба да започнат на 26 јули и да траат до 11 август. Параолимписките игри потоа ќе се одржат од 28 август до 8 септември.