Полиција упадна во Македонскиот олимписки комитет

Припадници на МВР по налог на надлежен јавен обвинител денеска влегле во Македонскиот олимписки комитет, поради сомневања за злоупотреби, дознава НетПрес.

Првичните неофицијални информации до кои дојдовме велат дека покрената е полициска истрага за злоупотреба на службена должност за неколку лица за работењето на МОК, како и за сомневања околу наводни нерегуларности при неодамнешниот избор на ново раководство во оваа организација.