Полицијата чува 1.000 лица кои имаат наредби за самоизолација

Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за самоизолација.

Чулев апелираше дека по прогласената состојба Одделот за специјални полициски информации презема мерки и се ангажирани на цело подрачје.

„На телефонскиот број 0800 00 201 и на објавениот мејл за 2 дена евидентирани се 59 мајлови и 402 телефонски повици. Се однесуваат на регулирање на товарни возила, за извлекување на државјани заглавени во некоја од странските земји. Да се пријавува секое непочитување на препораките за самоизолација како и угостителски објекти и забрана за собири. На 19 март, СВР Скопје врши контрола на 230 лица за здравствен надзор, и 1.000 лица со наредби за самоизолација. Контролирани се 530 објекти од кои 140 само денес. Велес 2 лица за здравствен надзор, самоизолација 99, 186 во самоизолација на СВР Тетово, СВР Штип 246 за самоизолација, Струмица 172 наредби за самоизолација, Битола, 140, Куманово-220 изолација, Охрид – 205 наредба за самоизолација.”, извести Чулев.

Ссекој кој ќе сака да излезе од држава ќе треба да потпише изјава дека три месеци нема да се врати назад. Исклучок од ова ќе бидат возачите на товарни моторни возила и они кои излегуваат поради здравствени причини.

Полициските специјалци интервенирале и во извлекување на 64 лица и две лица вечерта за изолација од четири села во дебарскиот кризен регион, информира министерот за внатрешни рабои Наќе Чулев на прес конференција.

Тие биле извлечени со 24 возила, а станува збор за жители од Тресонче, Манастирец, Осој и Лазарополе.

Министерот информираше дека на 17 и 18 март се поднесени 11 кривични пријави против 12 лица поради непочитување на мерките за зашита од коронавирусот, а има и казни за непостапување на  здравствените прописи за време на епидемија и за самоизолација за што пропишаната казна изнесува најмногу до 2.500 евра. Полицијата обезбедува 365 лица под  здравствен надзор, а бројката на тие што се во самоизолација постојано варира и е над 1.000.

Полицијата извршила 77 контроли на угостителски објекти.