Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски не е уапсен денеска во големата полициска акција, во која досега се приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.
Според информациите, осомничениот Ковачевски од октомври е надвор од државата.
Освен Ковачевски недостапни за полицијата се уште три лица меѓу кои и Васко Стефанов кој го замени Ковачевски на директорското место.
„Во тек е полициска акција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
Детали за акцијата за подоцна најавуваат и од ОЈОГОКК.