
Американската полиција соопшти во четвртокот дека осомничениот во северниот дел на градот Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, е уаспен по седумчасовната престрелка во која се ранети шест полицајци.
Припадниците на елитнаата единица на американската полиција SWAT претходно ослободија двајца полицајци кои останале заробени во куќата во Филаделфија со вооружениот напаѓач.
„Осомничениот е приведен. Полициските службеници сѐ уште ја проверуваат куќа“, соопшти филадефилската полицијата,
Полицијата потврди дека во престрелката со осомничениот, кој бил добро вооружен и имал многу муниција, шестмина полицајци се здобиле со прострелни рани и сите веќе биле отпуштени од болница. Во престрелката во којашто биле истрелани повеќе стотици куршуми, со разни други повреди се здобиле и уште неколку други полицајци.
Локалната станица на телевизиската мрежа Fox News објави дека напаѓачот ѝ се предал на полицијата по повеќечасовните преговори, во кои учестувале и челнови на неговото семејство.
Во прилогот на телевизијата се наведува дека 36-годишниот Морис Хил излегол од куќата со кренати раце, а претходно полицијата употребила солзавец. Според првичните сознанија, Хил е жител на Филаделфија и
Повеќепати бил осудуван за кршење на законите во врска со огненото оружје и, исто така, се обидувал да побегне пред органите за спроведување на законот.
Престрелката започнала околу 16,30 часот во средата според времето на американскиот Источен брег, околу 23,30 часот по македонско време, кога Хил се забарикадирал во куќа и отворил оган врз полицајци кои носеле налози за апсења за дрога во северниот дел на Филаделфија.