Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Илинден изречени се вкупно 67 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.
Изречени се и 16 санкции за користење мобилен телефон, 12 за некористење сигурносен појас, две непрописно престројување.
-Засилените сообраќајни контроли продолжувaат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.