Полицијата казнила 337 возачи за брзо возење

Вчера (30.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 337 возачи.

Од нив, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,145 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 192 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.