На Плоштадот на независноста во црногорската престолнина во неделата вечерта, според процените на полицијата, 50.000 луѓе протестираат против новата власт во Црна Гора предводена од просрпската коалиција „За иднината на Црна Гора“.
Демонстрантите скандираат „Не ја даваме државата“ и пеат „Бела чао“, а медимите известуваат дека е забележливо оти не се носат партиски, туку само државни обележја.
„Според процените на полицијата на Плоштадот на незавиноста присутнис е околу 50.000 граѓани и сѐ минува без инциденти. Колони од возила со граѓани од поравец на Никшиќ, Даниловград и Цетиње сѐ уште пристигнуваат“, соопшти полицијата која сѐ уште ја водат кадри од власта на Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ.
Полицијата наведува дека нема оперативни сознанија дека на собирот може да дојде до инциденти, како што претходно предупредија трите коалиции кои преговараат составување влада за преземање на власта по три децении владеење на ДПС.
Премиерот на заминување Душко Марковиќ пред почетокот на собирот порача на Twitter „Да е вечна Црна Гора“, додека ДПС се огради дека стои зад организација на собирот, туку нејсна објаснува дека како организатори се јавуваат „црногорски патриотски организации“.
Во Црна Гора на сила поради епидемијата на коронавирусот на сила е забраната за организирање собири на повеќе од 100 луѓе на отворен просто. Меѓутоа, бидејќи на чело на здравствените власти исто така сѐ уште се кадри на партијата на Ѓукановиќ воопшто не се огласи по повод најавата на собирот.
Црна Гора во последната седмица секојдневно бележи по повеќе од 100 новозаразени со коронавирусот, што ја доведува прашањата валидноста на одлуката на владата на заминување која на почетокот на јуни прогласи крај на епидемијата на територијата на земјата. Според податоците кои секојдневно ги собира црногорската агенција МИНА, Црна Гора во моментов е земја во регионот со најголем број активни случаи на 100.000 жители.
Во недела со потврдените 131 новозаразен, вкупниот број активни случаи на Covid-19 во Црна Гора изнесува 1.214, што е 193 случаи на 100.000 лица. Само од средината на јуни починале 99 пациенти, а од почетокот на епидемијата вкупно 108 лица.
Колаицијата предводена од ДПС на Мило Ѓукановик минатата седмица првпат по 31 година не успеа да освои мнозинство во парламентот, откако во парламентот е на страната на опозициските коалиции: „За иднината на Црна Гора“, која се смета за просрпска, и двете граѓански коалиции „Мирот е нашата нација“ на Алекса Бечиќ и „Црно на бело“ на Дритан Абазовиќ.