Полицијата направи контрола во угостителските објекти во Прилеп и затече пијани малолетници

Министерството за внатрешни работи информира дека на 30.10.2022 во периодот од 00.00 до 03.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што затекнати се 24 малолетни лица, а седум малолетници биле под дејство на алкохол.

Малолетниците се предадени на нивните родители, а по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.