Полицијата не му направила алко-тест на Благојче Трпески оти бил пратеник

Пратеникот на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпески, кој денеска делеше правда на гостиварските улици во видна алхолизирана состојба не бил подоложен на алко-тест со образложение дека бил пратеник.

Срамно образложение.

Да посетиме, Трпески физички нападнал граѓанин на Гостивар кој со своето малолетно дете го паркирал автомобилот. Освен физичкиот напад, на граѓанинот му е искршено и ветробранското стакло на автомобилот од страна на пратеникот, што може да се види на фотографијата.

Од СВР Тетово информираат дека настанот кај нив телефонски бил пријавен во 15:20 часот од страна М.С. (33) од Гостивар. Тој според пријавеното, претходно го паркирал автомобилот „бмв“ со гостиварски регистерски ознаки на улица „Илинденска“ во близина на трговскиот центар. Набрзо, потоа Б.Т. (54) кој бил во близина реагирал по што настанала расправија.

Од полициската станица Гостивар сочинет е записник, а детаљите околу случајот ќе се утврдуваат дополнително.

Сето тоа се случувало пред очите на малолетно дете.