Полицијата остана без здравствено осигурување, синдикатот бара МВР итно да го реши проблемот

Додека биле на лекарски и стоматолошки прегледи денеска, на неколку полициски службеници им било посочено дека немаат платено здравствено осигурување поради што прегледите и интервенциите мора да си ги платат само на приватно без употреба на парите од Фондот за здравствено осигурување, јавува Телма телевизија.

Според телевизијата, случајот го потврдиле и од Независниот синдикат на полицијата од каде побарале МВР да го реши проблемот и да им ги врати парите на полицајците.

Како проблем се јавува и тоа што без здравствено осигурување се и децата кои се осигурени преку родителите-полицајци.

Од Независниот синдикат велат дека денеска повеќе од 10-тина вработени во полицијата приватно платиле за прегледи, а неколку од нив и за систематски прегледи за своите деца – првачиња.

Од МВР пак велат дека се е платено и проблемите се надминуваат.