Полицијата открила пикап со импровизирани експлозивни направи и оружје близу Капитол Хил

Во средата, кога се случи насилниот упад на демонстрантите во американскиот Конгрес, полицијата открила во близина на Капитол Хил во Вашингтон открила возило со 11 импровизирани експлозивни направи огнено оружје, објави во саботата телевизискиот канал NBC-2 повикувајќи се на извори од обвинителството.

Возилото, за коешто по проверката е утврдено дека е сопственост на 70-годишниот Лони Лерој Кофман, од Фолквил во сојузната држава Алабанма, било оставено на два блока од Капитол, непосредно пред седиштето на Републиканската национална конвеција. Покрај импровизираните екслозивни направи, во возилот имало и автоматска пушка М4, пиштол и наполнети магацини со кушруми. Мажот бил приведен, и обвинет за поседување на нерегистрирано огнено оружје и носење пиштол без дозвола.

Кофман во своето сведочење пред иследниците изјавил дека во неговото возило имало тегли со стопена полистеринска пена и бензин. Сепак, во прилогот се наведува дека во пикапот биле најдени и парчиња ткаенина и запалки. Според истрагата, ваквата смеса при детонација би имала ефект сличен како напалм.

Претходно во средата на денот на безредијата полицијата на Вашингтон објави дека биле пронајдени и деактивирани две импровизирани експлозивни направи, едната во близина на седиштетот на Републиканскиот национален комитет а другата пред седиштетот на Демократскиот национален комитет. Полицијата порача притоа дека трага по осомнилените.

Во средата приврзаниците на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп упаднаа во Капитол, набрзо по големиот собир неколку километри подалеку во близина на Белата куќа на кој им се обрати самиот.

Безредијата на повеќе часа го одложија потврдувањето на Конгресот на гласовите на електорскиот колегиум според кој на претседателските избори на 3-ти ноември победил демократскиот кандидат Џо Бајден, а притоа во нив животите ги загубија вкупно пет лица, од кои една жена воен ветеран и еден полицаец. Поради тоа, демократите во Конгресот повикаа на импичмент во Сенатот или отстранување од претседателската должност користејќи го 25-от амандман од Уставот кој ја предвидува таквата можност доколку мнозинство од кабинетот го прогласи за неспособен за вршење на должноста.