![apsenje-demonstranti-750x401](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/apsenje-demonstranti-750x401.jpg?resize=696%2C372&ssl=1)
Полицијата почна да апси демонстранти на вечерашниот протест против францускиот предлог пред Собранието, откако ескалираше револтот кај дел од толпата кои фрлаа со секакви предмети, петарди и чадни бомби кон кордонот специјалци.
Дел од медиумите објавија дека има повредени полицајци во судирите со демонстрантите, кои ја пробија заштитната ограда од Собранието, каде дојде и возило на Брзата помош.
Полицијата ги истурка демонстрантите од пред зградата на Собранието и ги потера кон Жена парк, при што голем број граѓани почнаа да бегаат.
Во меѓувреме, се зголемува бројот на полициските сили, а некои од нив имаат и кучиња.