Полицијата прекина вакцинирање со неодобрен препарат на аеродромот во Либек

Германската полиција прекина недозволена кампањата на вакцинирање против Covid-19 на аеродромот во Либек којашто во саботата привлекла голем број луѓе.

Полицијата соопшти дека вакцината којашто им е инјектирана на луѓето нема одобрување на надлежното здравствено тело и поради тоа неговата примена претставува кривично дело според германскиот закон.

Се проценува дека околу 50 луѓе веќе биле вакцинирани со тој препарат пред полицијата да ја прекин кампањата.

Сопственикот на ародромот е Винфрид Штокер, претприемач и доктор по медицина кој развил сопствена вакцина против коронавирусот. Во април 2020 година неговата Клиничка имунолошка лабораторија потврди дека развива вакцина и дека тој ја тестира врз себеси.

По доаѓањето на полицијата околу 80 луѓе имало во зградата на аеродромот, а уште 150 во салата за пријавување на патниците.

Полицијата ги запленила примероците, користените инјекциии, како и списоците со имињата на вакцинираните и ги легитимирала присутните лица. Истрагата е во тек, соопштија властите.