На 15.04.2023 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на бул.„Партизански одреди“ го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните во објектот.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.