![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/polici-a-3.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Поолицијата ноќеска растури домашна забава во стан на булевар 8 Септември на која присуствувале осум лица.
Како што соопшти полицијата, по пријава извршена е контрола во станот во кој престојува П.П.(25).
„При контролата, покрај П.П., се затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и е констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19“, се наведува во соопштението.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.