Јавното обвинителство денеска соопшти дека е извршен увид на местото на синоќешното убиство во Тетово, како и дека јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор.
„Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител“, информира Обвинителството.
Синоќа МВР информираше дека во 20.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Штипска“ едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало.