Вчера во периодот од 20.30 до 20.55 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар извршија претрес во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во простории кои ги користи С.А.(22) во с.Врапчиште, гостиварско, а сопственост на Ш.А.(20) од с.Врапчиште. Тој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
При претресот биле пронајдени четири кучиња, три од раса „питбул“ и едно куче од раса „доберман“, кои биле користени за борба на кучиња.
Со С.А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.