
Во Полициската станица Гази Баба, Р.Д. од Скопје вчера во 19.30 часот пријавил дека од домот се оддалечила неговата 16-годишна ќерка Ѓ.Д.
Претходно во вторникот во 15 часот во Полициската станица Чаир од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека 15-годишниот Б.П. самоволно се оддалечил од домот во Визбегово. Тој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информираат од полицијата.