Полицијата трага по две жени пријавени за исчезнати

Во петокот во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба 50-годишниот Г.Р. од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга Е.А. на 48 години која имала здравствени проблеми.

Исто така вчера во 21.30 часот во Полициското одделение Ранковце, 52-годишниот О.В. од селото Ранковце пријавил дека во непознат правец се оддалечила неговата сестра 46-годишната С.А. од селото Герман.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информираат од МВР.