Полицијата трага по подметнувачот на пожарите во Битола

Битолската полиција трага по возрасен маж кој е можен подметнувач на пожарот во битолската населба Стрелиште и на други пожари во овој регион. Само во Битолско вчера имаше 10 пожари. Сведок тврди дека видел лице кое подметнувал пожари.

Локацијата на еден од пожарите била меѓу две бензински пумпи, но пожарникарите не дозволија огнот да се прошири и предизвикана е незначителна штета.

На пожарникарите за справување со пожарите им помогна и дождот што попладнето заврна во Битола, кој пак беше проследен со силен ветер, а невремето предизвика незначителни материјални штети низ градот. Екипите на јавните претпријатија до доцна синоќа интервенираа на отстранување паднати дрвја и контејнери.