Полицијата во Охрид казни 147 луѓе за неносење заштитна маска

Полицијата констатирала 147 прекршоци за неносење маска на лицето за заштита од ширење на коронавирусот во изминатово деноноќие на подрачјето на СВР Охрид.

Од вкупниот број прекршоци најногу се во Охрид – 118, потоа во Струга – 9 и во Кичево – 20.

„Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле осум контроли врз угостителски и други објекти“, соопштија од СВР Охрид.