ВИДЕО| Полицијата застрела напаѓач со нож во Мадрид

Шпанската полиција смртно застрелала во главниот град Мадрид маж кој на минувачите им се заканувал со кујниски нож и нападнал полицаец, извести во петокот радиот стницата COPE.

Во извештајот се наведудва дека напаѓачот е 35-годишен мигран бездомник, кој претходно повеќепати бил кривично гонет.

Инцидентот се одиграл во близина на медицинскиот центар во квартот Валведере. Персоналот го блокирла центарот и веднаш повикал полиција. Отакоко полициска патрола пристигнала на местото на настанот, мажот нападнал еден од полициските службеници кој бил ранет во раката.

Нема повредените меѓу случајните минувачи, а полицијата првично ја отфрли верзијата за терористички напад.

Според локалните медиуми, маж од Африка дошол во центарот за вакцинација вооружен со нож. Кога луѓето кои чекале да се вакцинираат виделе дека е вооружен, го предупредиле персоналот на контролниот пункт, кој ја затворил вратата.

Лут што не можел да влезе во вакциналниот пункт, мажот наводно им се заканувал на случајните минувачи додека не дошла полицијата и отворил оган врз него кога се обидел да нападне еден од полицајците.

Полицијата потврдила дека инцидентот се случил.

„Еден човек нападнал полицаец кој бил принуден да пука во него. Бидејќи напаѓачот не застанал, пукале и други полицајци”, соопшти полицијата.