Припадниците на специјалните сили на украинската полиција земаат по 2.000 долари од лица за извлегување на цивилите од јужниот град Мариупол опколен од руската војска, изјави за агенцијата РИА во саботата поранешен потполковник на украинското разузнавање СБУ, повикувајќи се на заробени полицајци коишто тој ги испрашувал во Донецк.
Според потполковникот Василиј Прозоров, поради ваквата практика на украинските полицијаци никој не го информира цивилното население во Мариупол за точната локалција на хуманитарните коридори, бидејќи украинските безбедносни сили не сакаат да га загубат овој начин на заработка.
„Тројцата офицери на КОРД (Корпус за оперативно-брза реакција, специјални сили на украинската полиција) се елита на елитите. Капетан, и двајца постари поручници… Тие изнесувале бегалци од Мариупол за две илјади долари“, рекол Прозорв поранешен припадник на разузнавачката Служба за безбедност на Украина (СБУ).
Според него, истата сума била земана и од жени и од деца, и за неа полицајците ги изведувла луѓето на териториите кои се под контрола на властите во Киев.
„Оттаму разбирливо е зошто никој не му кажува на цивилното население (во Мариупол) за отворените хуманитарни коридори. Тогаш би пропаднала можноста за заработка“, претпоставува соговорникот на агенција.
Во петокот властите украинските власти на Мариупол именувани од владата објавија податок дека најмалку 1.582 цивили се убиени како последица на гранатирањето и 12-дневната блокада. Украинското министерство за надвоешни работи соопшти дека била гранатирана и џамија во Мариупол во кој се сокриле 80 лица, без да наведе дали има загинати или ранети. Податоците за жртвите не е можно да се проверат, пренесува агенцијата Reuters, a Русија негира дека цели цивилни објекти и инфраструктура.
Москва ги обвинува украинските националистички формации од ткн баталјон „Азов“ во Мариупол дека не му дозволуваат на цивилното население да се извлече преку отворените хуманитарни коридори користејќи како жив штит, и оти ги гранатираат станбените згради за да ги обвини руските сили. Исто така, предупредува дека националистичките и платеничките групи борци своите позиции ги разместуваат токму во густонаселените станбени квартови.
Мариупол во пролетта 2014 година по превратот во Киев, кога прорускиот источен регион во Донецк ја прогласи независноста беше вториот по големина град во ткн Донецка Народна Република. Но во јуни истата година, украинските безбедносни сили ја вратија контролата над градот и во него го распоредија тешко вооружениот злогласен ултранационалистички полк „Азов“ на крајнодесните украински групации, против чии борци се поведени кривични постапки поради воени и злосторства против човечноста.
Од тогаш неговите источни преградија беа локации на најжестоките борби. Вечерта на 7-ми март годинава, милициите на Донецк објавија дека градот е целосно опколен и дека започнува операција за постепено чистење на населбите од радикалите и платениците.
Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Донецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински.