Четиринаесет лица се уапсени досега во полициската акција за разбивање наркобанда во албанското село Лазарат.
Повеќе од десет веќе се сослушани во обвинителството во врска со престрелката во која загина еден полицаец, а двајца беа ранети.
Припадниците на специјалните сили за борба против дрога РЕНЕА и специјалните полициски сили и денеска ја продолжуваат акцијата против шверцерите и одгледувачите на дрога.
На терен се уште се силни полициски единици со блиндирани возила кои вршат претрес од куќа во куќа во потрага по оружје и лицата кои учествуваа во престрелката со полицијата.
Лазарат е познато како фабрика за марихуана каде главна земјоделска дејност на населението е одгледување марихуана. Во текот на минатогодишната операција на полицијата беа уништени 23 тони канабис и околу 81.300 стебла и расад од ова растение. При претресот беа пронајдени и четири лаборатории од кои две за преработка и пакуваање на билки и две за преработка на хашиш.
ВИДЕО: Дојче Веле