Утринава полицијата упаднала во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, објави Економски Лидер.
Според неофицијални информации на порталот, семејната куќа на Јани Бојаџи утринава била посетена од полициски сили, кои вршат претрес и го бараат него. Бојаџи живее во Скопје, но откако неговиот татко го известил за упадот, се упатил кон Струмица и во моментов патува за да види за што се работи.
Инаку власта изминатиот период на секаков начин се обидува да го цензурира негвиот филм „Ругање со Христос” затоа што во него се прикажани сцени од војната во 2001 година, во кои УЧК брутално ги малтретира Мавровските работници и уште неколку други злосторства на оваа паравоена формација.
Пред два дена Бојаџи на Фејсбук објави за притисокот од власта и обидите за цензура преку забрана на кино салите да го прикажуваат филмот.
Инаку вечерва во кино Милениум, треба да се одржи премиерата на овој филм, во рамките на фестивалот „КинеНова“.