Полицијата при вчерашната акција на неколку локали во Тетово и Гостивар затекнала дв аесет и пет девојки од кои дваесет и четири од Србија и една Македонка како работат како танчерки.
Девојките биле откриени при контролата во угостителскиот објект „Енерџи-клуб“, на регионалниот пат Тетово-Сараќино. Тие биле на возраст од 21 до 45 години и поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја, заедно со сопственикот на објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Тетово.
Во угостителскиот објект „Ориентал АС“ во Жеровјане, приведени се 15 странски, односно државјанки на Република Србија.
Во двата контролирани објекти на гостиварското подрачје не биле затекнати странски државјанки.