
Група полициски службеници во Париз ги симнаа заштитните шлемови пред големиот број граѓани кои протестираа против зголемување на цената на горивото.
На протестите во Франција кои ескалираа и дојде до судир на полицијата и граѓаните, повеќе од 400 лица беа уапсени, околу стотина беа повредени, шест згради и 112 автомобили беа запалени, голем број метро станици беа затоврени, а огромна материјална штета е причинета и на Триумфалната порта.
Протестите на „Жолтите елеци“ од Франција се проширија и во Белгија и Холандија.