Полицијата го утврди идентитетот на младата девојка која синоќа беше прегазена од автомобил на булеварот Партизански одреди во Скопје.
Починатата девојка е дваесет и петгодишната Оливера П. од Радовиш. Несреќата се случи околу 21 часот на раскрсницата во Партизанска и булеварот Октомвриска револуција кога автомобил „мерцедес“ удрил во радовишанката која во тој момент минувала на пешачки премин.
Поради тешки повреди Оливера П. почина на самото место на несреќата.