Вооружените француски полицајци денес насилно го раселија мигрантскиот камп во центарот на Париз, што предизвика шок и побуна кај Авганистанците, Сиријците и Еритрејците во овој прифатен центар, пренесува „Танјуг“ повикувајќи се на британски медиуми.
Во никој случај не го очекувавме ова. Прво ни обезбедија шатори, па ни донесоа храна преку викендот, а сега не бркаат, вели 26-годишниот државјанин на Судан, Тегани Угомаи.
Локалните власти изјавуваат дека над 2.000 мигранти плански се распоредени во 60 центри за привремено сместување во сите делови на Франција.
Најголемиот број мигранти во овој камп се доселиле по најавата на градоначалничката на градот Ан Идалго дека ова лето во Париз ќе се гради првиот меѓународен камп за бегалци, пишува „Ивнинг Стар“.
Во меѓувреме мигрантите, меѓу кои има и голем број што претходно престојувале во кампот-џунгла кај Кале, се преселиле во овој камп што се наоѓа во Еолските Градини, односно парк што е создаден во близина на железничка пруга. Кампот е во близина на Гар ду Норд, од каде тргнува возот Евростар за Лондон.
Во кампот криумчарите нуделе патување до Лондон со воз или авион за износ од 2.000 британски фунти, а во цената бил вклучен и привремен пасош.