Полицијата на Шри Ланка имала дојава за можни напади врз цркви

Полицијата на Шри Ланка ги потврди седмата и осмата експлозија за кои јави агенцијата AFP, која е четврта во хотел, по шесте претходно во неделата во три цркви во текот на католичките велигденски литургии и три луксузни хотела

Седмата експлозија била детонирана во хотел крај зоолошка градина, на подрачјето на главниот град Коломбо, додека осмата била во самата престолнина во округот Дематагода.

Владата објави дека полициски час кој стапи на сила веднаш, соопшти заменикот министер за одбрана Руван Виџевардене. „Полицискиот час ќе трае сѐ додека ситуацијата не се смири“, рекол во Коломби и додал дека валдата ќе ги згасне приврмено сите социјални мрежи и апликации за испраќање пораки, вклучително и Facebook и WhatsApp, за да не се шират дезинформации.

Серијата координирани експлозии во Шри Ланка, во кои според последните податоци убиенсе најмалку 185 луѓе а околу 530 се ранети, предизвика остри реакции од целиот свет, во моментот кога полицијата ја објави веста за двете нови експлозии, седмата и осмата по ред.

Од 185-те убиени, 12 се странци според официјални извори, додека AFP од свои полицискиизвори дознава дека загинале 35 странски државјани, но чија националност не се соопштува.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападите, но АFP тврди дека поседува документ којх покажува дека началникот на полицијата на Шри Ланка, Пујут Џајасундара пред десет дена издал предупредување до водствата на безбедносните сили и служби за можни бомбашки напади на бомбаши самоубијци врз цркви.

„Странсака разузнавачка агенција нѐ изјави дека NTJ (National Thowheeth Jama’ath) планира да изведе самоубиствени напади, насочени на понати цркви, како и на индиската амбасада во Коломбо“, го цитира агенцијата документот. NTJ е радикална исламистичка групација од Шри Ланка која минатата година беше поврзувана со вандалиациите на будистичките споменици, забалежува AFP.