Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој од вчера влезена е полицијата по налог на Обвинителството за организиран криминал. Полицијата бара документи поврзани со последната одлука на фондот за доделување неповратни средства за македонски компании.
Од обвинителство велат дека се работи за предистражна постапка и не можат да даваат повеќе информации.
Пред три дена, по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.
Од обвинителството тогаш соопштија дека преземаат дејства за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.