Француските специјални полициски сили по два часот по полноќ до утрото постепено ја отворија париската железничка Северна станица (Гар ду Норд), којашто претходно беше евакуирана и блокирана од безбедносни причини, објави локалната полиција.
„Крај на безбедносните проверки. Постепено враќање во нормалата“, објави околу три часот утрото париската полиција на Twitter. Засега не се објавени никакви други поединости.
Станицата беше блокирана поради сомневања дека во композицијата се наоѓаат тројца „многу опасни мажи“, по коишто претходно француската полиција издала потерници.
Патниците не можеле да излезат од возовите, а вооружена полиција влегла во железничката станица. Според исказите на очевидци, полициските полицајци вршеле проверка на сите патници кои со супер брзиот воз TVG ноќта кон вторникот допатувале од градот Валансиен на париската Северна станица.
Возот од Валенсиен, кој се наоѓа во департманот Нор, допатувал околу 23,10 часот по париско време и во него имало 211 патници.
Железничката станица Гар ду Норд (Северна станица) е крајната дестинација за многу домашни и меѓународни возови, вклучително и возовите на „Eurostar“ од Лондон.
Безбедноста во цела Франција, во којашто на сила е вонредната состојба воведена по парискиот масакр од 13 ноември 2015 година, деновиве беше дополнително засилена поради одржувањето на вториот круг од претседатесликите избори.