Полицијата потврди дека го ликвидирала осомничениот за нападот во Барселона

© AP Photo / Emilio Morenatti

Набрзо откако во понеделникот беше објавено дека каталонската полиција го уапсила 22-годишниот Јунес Абујакуб, осомничен за терористичкиот напад со комбе од минатиот четврток во Барселона, полицијата на социјалните мрежи објави дека тој бил застрелан во местото Субиратса, 50 километри од покраинската престолнина.

„Можеме да потврдиме дека лицето застрелано во Субортс , Јунес Абујакуб, авторот на терористичкиот напад во Барселона“, објави каталонската полиција на Twitter.

Полицијата со помош на робот отстранила од неговото тело нешто што личело како појас со експлозив и утврдила дека станува збор за лажен самоубиствен појас.

Најавено е за подоцна во понеделник прес-конференција на каталонската полиција и регионалната влада. Абујакуб беше последниот член од терористичката џихадистичка ќелија од 12 лица којашто полицијата ја сместа за одговорна за нападите во четвртокот вечерта во Барселона и подоцна ноќта кон петокот во гратчето Камбрилс.

Откако во медиумите беше објавена неговата фотографија, една сосетка од Сибиратс го забележала Абујакуб и повикала полиција, пренесува јавната шпанска телевизија RTVE. Наскоро на посочената локација пристигнало полициско возило со поддршка на полициски хеликоптер.

Претходно беше објавено дека во понеделникот полицијата ги уапсила а подоцна и оти го ликвидирала лице на 16 километри од автопатот 243 во областа Субиратса. Весникот El Pais, претходно објави дека ликвидираниот најверојатно е осомничениот Абујакуб.