Скопски џепчија со богато досие е приведен откако ограби жена.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи приведен е 46-годишниот И.С. од Скопје кој има досие со седум кривични пријави и две затворски казни.
Тој е приведен бидејќи на 18-ти минатиот месец на автобуската постојка кај хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ја ограби В.Ч.
Тој и го украл паричникот во кој имало лични документи,банкарски картички, 2.000 денари и златна обетка откако ја протнал раката во нејзината чанта. Потоа украл уште 33.000 денари од нејзините платежни картички.
И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, и против истиот се поднесени вкупно седум кривични пријави и изречени две казни – затвор.