Бразилската полиција со созлавез растера околу 300 демонстранти кои синоќа протестираа против Светското фудбалско првенство околу познатиот стадион „Маракана“ во Рио де Женеиро.
Претходно, полицијата употребила лут спреј против група демонстранти кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу „Маракана“, со цел да не им дозволат на посетителите да се доближат до стадионот.
Рекорден број од 26.000 полицајци и војници беа ангажирани во Рио де Женеиро да ја гарантираат безбедноста на финалниот фудбалски натпревар на Мундијалот.
Демонстрантите не се согласуваат со големите суми кои се потрошени за организирање на Светското првенство за сметка на општествените услуги и социјалните трошоци.