Полицијата спроведува рации низ Германија во потрага по екстремисти од групата „Бели волци“

Германските власти во моментов спроведуваат рации во 10 сојузни покраина, трагајќи по припадници на екстремно десничарската организација „Бели волци терористичка екипа“, која е забранета, пренесуваат американските медиуми.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во тек е запленување на доказен материјал, што има за цел пронаоѓање на лидерите на групата.

Германските власти во јануари обвинија тројца мажи и една жена за формирање на ултрадесничарската група „Општество на старата школа“ и планирање бомбашки напади врз засолништа за бегалците.