Тетовка која живее во САД исчезнала пред да отпатува за САД, информираат од МВР.
Според полицијата, случајот вчера го пријавил М.Г. (39) од Тетово.
Тој на полицајците им рекол дека неговата внука Р.Ш. (28), која со нејзиното семејство живее во САД, вчера требало да замине во Америка. Таа завчера околу 22.30 часот излегла од домот земајќи ги со себе личните документи за патување и од тогаш никој не ја видел.
До моментот на пријавување на случајот вво полицијата таа не се јавила на никого од семејството, а ниту била достапна на социјалните мрежи.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.