Сообраќајната полиција во Скопје вчера, 2 јули, казнила 90 возачи, а пајак-службата отстранила 67 непрописно паркирани возила.
Најмногу возачи се казнети бидејќи возеле над дозволената брзина – вкупно 49. Исто така, исклучени се и 22 возачи бидејќи двајца го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца биле возачи почетници и 18 возеле без возачка дозвола.
Од сообраќај се исклучени 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Еден возач е санкциониран бидејќи не дал првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил и четири не користеле заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак кој поминал улица надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се и 63 мандатни платни налози, додека 67 возила се подигнати со „пајак“.
Исто така, вчера во Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со лесни телесни повреди.