Полицијата во Лас Вегас објави дека не била во можност да го утврди мотивот кој стои зад масовното убиство извршено во овој американски град на 1-ви октомври минатата 2017 година, кога вооружениот напаѓач уби 58 луѓе, што претставува црн рекорд во нападите со огнено оружје во историјата на САД.
„Можеме да одговориме на прашањата како што се: кој, што, кога, каде и како… Она што дефинитивно не можевме да го утврдиме е одговорот на прашањето ‘зошто’ Стивен Педок го извршил овој чин на насилство“, изјави пред новинарите окружниот шериф Џо Ломбардо откако полицијата објави дека ја заклучила истрагата.
Шеесет и четиригодишниот Стивен Педок од еден од погорните катови на луксузен хотел во Лас Вегас пукаше врз масата којашто се собрала на блискиот концерт на отворено. Нападот заврши со самоубиство на напаѓачот во неговата хотелска соба.
Окружниот шериф во петокот го објави конечниот извештај на полицијата Метрополитен, во кој се наведува дека Педок дејствувал сам и оти не оставил никаква порака. Според извештајот, Педок на крајот пред упадот на специјалците во неговата хотелска собна извршил самоубиство пукајќи во себе.