Полицијата во Њујорк по грешка уби Афроамериканец

Полицијата на Њу Јорк застрелала и усмртила маж кој носел метална цевка, мислејчи дека се работи за пушка, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во Бруклин вчера околу 17 часот, откако полицијата примила повик дека „маж со сребрена пушка“ им се заканува на граѓаните, пренесува АП.
На местото на настанот дошле петмина полицајци, тројца во циливка и двајца во униформи кои го нашле лицето кое одговарало на описот.

https://youtu.be/0dHHNLB7Ni4

-Осомничениот зазел положба со рацете како да ќе пука кон полицајците, по што четворица од нив отвориле оган и го застрелале мажот. Тој починал на пат кон болницата- изјави Теренс Монахан, шеф на  полицијата.

На местото дошле десетина полицајци,откако таму се собрале 200 граѓани кои почнале да викаат „тирани, тирани“.
Идентитетот на убиениот не е објавен, освен дека станува збор за Афроамериканец.