Полицијата во потрага по докази ќе го исуши каналот каде е најдена Јелена

Белградската полиција ќе го исуши каналот каде што беше најдено телото на брутално убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјанович, со цел да пронајде нови материјални докази во врска со случајот, а можеби и предметот со кој што била убиена, пишува српски „Курир“.

Полицијата ваквата одлука за проширување на истрагата ја донела пред неколку дена.

Полицијата и форензичарите секојдневно го пребаруваат подрачјето кај насипот во населбата Црвенка, а се бараат нови докази што ќе укажат на убиецот и ќе го расветлат овој случај.

Сепак, полицијата засега не изфрла ниту една можност. Според нив подеднакво е можно Јелена да е убиена на местото каде била најдена, но и да била убиена на друго место, а телото само да било фрлено во каналот кај насипот.