Полицијата, во период од 28-ми март до деветти април, расчисти 112 кривични дела, по што поднела 71 кривична пријава против 101 осомничено лице.
Конкретно, Отсекот за тешки кражби поднесе 16 кривични пријави против 20 лица за 19 расветлени кривични дела и тоа за дела како „тешка кражба“ , “тешка кражба”во обид, „прикривање”, „кражба” и други дела во ингеренции на отсекот за разбојништва и дрски кражби, отсекот за моторни возила и отсекот за џебни кражби.
Одделението за малолетници поднесе 13 кривични пријави против 15 лица со што расветли 17 кривични дела и тоа „телесна повреда”, “„апуштање и малтретирање малолетно лице”, „загрозување на сигурноста”, „тешка телесна повреда”, „насилство” и „предизвикување општа опасност”.
Исто така Канцелариите за криминалистички работи поднесоа вкупно 38 кривични пријави против 58 лица со кои се расветлени 68 кривични дела како „тешка кражба“, “кражби“ и „одземање на моторни возила“.
Единицата за насилен криминал реализираше 21 кривично дело за што пријавени се 44 лица а поднесени се 19 кривични пријави. Поднесените пријави се за расветлени кривични дела “недозволено изработување и тргување до оружје и распрскувачки материјали”, „тешка телесна повреда”, „учество во тепачка”, „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”, „предизвикување општа опасност”, „насилство”, „противправно лишување од слобода”, „полов напад врз малолетник кој не наполник 14 години”, „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” и “загрозување на сигурноста”.
Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје реализираше две кривични дела за што кривично се пријавени две лица од Скопје, на двете лица им е одредена мерка притвор 30 дена. Едно од делата е во рамки на акцијата „Мрежа“ и истата е насочена против трговијата со наркотици. Досега во акцијата лишени од слобода се над 40 лица а запленета е поголема количина на наркотична дрога, само во последниот случај реализиран почетокот на неделата запленети се на 135 килограми наркотична дрога марихуана.
Единицата за економски криминал и корупција поднесе една кривична пријави против едно лице за сторено кривично дело „бесправо градење“.
Одделението за извршени увиди за сообраќајни незгоди поднесе 44 кривични пријави против исто толку сторители под основано сомнение дека истите сториле кривично дело од областа на сообраќајот и тоа 11 дела – “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и 33 дела – „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.
Единицата за извиди и потраги лиши од слобода вкупно 21 лице кои се бараа од страна на Основен Суд Скопје 1 за различни дела и тоа: „злоуптреба на службена положба и овластување“, „задоволување полови страсти пред друг”, „кражба“, „тешка кражба“, „разбојништво”, „спречување службено лице во вршење службено дејствие”, „измама”, „прикривање” и „загрозување на безбедноста на сообраќајот”.
Единицата за прв одговор и интервенција – алфа изврши легитимирање на 626 лица, 145 прегледи на ПМВ и приведе вкупно 203 лица.
Меѓу покарактеристичните дела кои се расчистени е кривичната пријава против четири лица од Скопје одговорни за серија имотни деликти – А.Н. (20), кој извршил девет кривични дела од кои пет – „тешки кражби“ , две „тешки кражби во обид“ и две „кражби“ (со мала материјална вредност кои се гонат по приватна тужба), М.М. (21), кој извршил 10 кривични дела од кои шест – „тешки кражби“, две „тешки кражби во обид“ и две „кражби“ (со мала материјална вредност кои се гонат по приватна тужба), потоа К.Т. (19) кој извршил три кривични дела, односно две „тешки кражби“ и една „кражба“ (со мала материјална вредност која се гонат по приватна тужба) и М.М. (22) за извршено едно кривично дело “тешка кражба“.
Кривичните дела пријавените ги извршиле во текот на февруари и март годинава и тоа девет на подрачјето на Ѓорче Петров, во село Волково осум и по една во село Ново Село и на подрачје на Гази Баба во село Кадино. Притоа кривичните дела ги извршиле во различен состав при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.500 денари. Сторителите тешките кражби ги извршувале во ноќните часови, а додека две кражби се извршени на пладне.
Инаку, кривичните дела ги извршувале на различни начини со помош на подесен тврд предмет и физичка сила го кршеле стаклото од балконските врата, или со подесен алат и физичка сила ја отвориле влезната врата од куќата, а во два случаи влегувале преку насилно отворен прозорец, и по претурање и пребарување одземале разни вредни предмети како што се: една ловна пушка, еден стар пиштол, саат, луле, мачеви и бајонет, пари, златен накит, мобилни телефони, фото апарати, телевизор, лап-топ компјутер, алкохолни пијалоци, бекатон плочки и други предмети. Дел од украдените предмети ги продале на непознати лица и парите ги потрошиле за свои лични потреби, дел од предметите фрлиле дел ги користеле за лични потреби. А.Н., М.М. и М.М се познати сторители на кривични дела од имотните деликти и против истите се поднесени повеќе кривични пријави, односно 48 кривични пријави и изрекувани им се различни мерки – засилен надзор од родител и социјален орган; казна малолетнички затвор и една казна затвор.