Австралиската полиција засега не верува дека налетот со возило врз пешаци во кој се повредени 19 лица на фреквентна раскрсница во вториот по големина град во земјата Мелбурн во четвртокот е поврзан со тероризмот.
„Во овој момент немаме докази, ниту разузнавачки податоци, коишто би дале знаци за поврзаност со тероризмот“, изјави Шејн Патон, вршител на должноста началник на полицијата во австралиската сојузна држава Викторија., додавајќи дека возачот пател од проблеми со менталното здравје.
Четири од 19-те настрадани лица се наоѓаат во критична состојба.
Возачот на белото теренско возило „сузуки“ намерно на црвено светло се залетал во пешаците кои минувале на раскрсницата, а неговиот мотив засега не е познат, објави претходно полицијата.
Треисет и двегодишниот возач и неговиот 24-годишен совозач се уапсени, откако возилото запрело удирајќи во столб на улицата. Кај нив е пронајден нож, соопшти полицијата. Додаде дека и возачот е хоспитализиран под полициска стража.
Возилото се залетало во пешаците во близина на главната железничка станица Флиндрис, каде што имало мноштво луѓе кои пазарувале пред католичките божикни празници.
Ова е втор вакво инцидент во Мелбурн, откако на почетокот од годинава возач косеше пешаци при што уби шест лица, меѓу кои и 10-годишно девојченце и тримесечно бебе.