Ноќта од саботата кон неделата во периодот од 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на 44=годишниот А.Б. од Тетово.
Притоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на Македонија. Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.