![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/policija2.jpg?resize=500%2C345&ssl=1)
Полициски специјалци под полна опрема, вечерва околу 19 часот влегле во скопско Арачиново.
Неофицијално, „Нетпрес“ дознава дека полицијата во селото барала лице за кое подолго време има потерница, а имале информации дека во моментот се наоѓа во Арачиново.
Повеќе детали за оваа акција нема, ниту пак официјална информација или потврда од МВР за вечерашните случувања во Арачиново.