Полициска брканица во Радовиш

На 12.09.2014 година околу 17,00 часот во Радовиш на крстосницата од ул. „22-ри Октомври“ и ул.„Партизанска“, при вршење мото патролна служба и спроведување републичка акциска контрола во сообраќајот према возачите на мопеди и моторцикли, двајца полициски службеници се обиделе да запрат моторцикл “Skygo“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Ј.(25) од с.Аликоч, радовишко, а како сопатник бил И.М.(28) од Радовиш.

Возачот на моторциклот не го почитувал дадениот знак Стоп и не застанал на полициската патрола, по што го продолжил движењето по улиците низ Радовиш и покрај звучните и светлосните знаци од службеното возило управувано од УПС. По неколку минути Ф.Ј. го запрел моторциклот и заедно со И.М. се дале во бегство.

При обидот од страна на УПС да го приведат И.М, истиот со рака го удрил едниот полициски службеник во пределот на лицето, нанесувајќи му телесна повреда  и успеал да побегне. Од страна на полицискиот службеник била издадена наредба Стој полиција, но откако лицата не го послушале, од службениот пиштол испукал два предупредувачки куршуми, но истите побегнале.

Околу 17,15 часот во ЈЗУ Радовиш, за укажување лекарска помош се пријавил И.М, кој имал прострелна рана од огнено оружје, во пределот на десната надколеница, по што е упатен во Клинички центар Штип, каде е задржан за понатамошно лекување. Во ПС Радовиш е приведен Ф.Ј. Веднаш по пријавување на настанот излезено е од страна на претставници на Секторот за внатрешна контрола и порфесионални стандарди при што се преземени сите неопходни мерки и активности, по целосно документирање на случајот против полицискиот службеник ќе биде поднесена кривична пријава за стоено кривично дело “предизвикување општа опасност”. Исто така соодветен поднесок ќе биде поднесен и против лицето И.Н.