Полициска операција за одржување на безбедноста на Анкара

Речиси 8.500 турски полицајци учествуваа во акција за зајакнување на безбедноста на Анкара, пренесе ТАСС.

Полициски екипи извршиле масовна проверка во централните и во некои крајни реони на Анкара.

Проверките завршиле рано утрово. Се проверувале документи на посетители во јавните установи, рестораните, баровите и кафеаните. Биле проверувани и автомобили и нивните возачи, потоа – лични документи на пешаци, автобуски и железнички станици во Анкара.

Целта на тие проверки била одржувањето на безбедноста и превенција од можни закани пред претстојниот Курбан бајрам.