Во четвртокот наутро полицијата изврши рација во Исламскиот центар Хамбург (IZH), чии членови се осомничени дека му помагале на ѝ помагале на либанското шиитеско движење Хезболах кое во Германија е карактеризирано како терористичка организаци, а политичари изразија надеж дека IZH наскоро ќе биде забранета.
„Колку побрзо исчезне IZH од Хамбург, толку подобро. Со денешната акција сме чекор поблиску до таа цел“, изјави Енди Гроте од владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD), сенатор за внатрешни работи на градот-сојузна покраина Хамбург.
Рече дека претресот, извршен во седиштето на Исланскиот центар во Хамбург, но и на околу 50 други локации во седум сојузни покраини во објекти поврзани со активностите на оваа организација, покажува дека процесот на забрана на оваа организација „напредувал далеку“ и дека тоа е сосема оправдано.
„Канцеларијата за заштита на уставниот поредок на Хамбург веќе подолго време укажува на опасноста од исламистичките активности на Исламскиот центар и задоволни сме што федералното Министерство за внатрешни работи сега го забранува тоа со оваа рација“, рече Гроте.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, исто така од SPD изјави дека IZH долго време се наоѓа на списокот на организации кои се под надзор на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок поради сомневање за екстремизам.
„Особено сега во време кога многу членови на еврејската заедница во Германија се чувствуваат загрозени, неопходно е да се дејствува против исламистичката пропаганда и ширењето на антисемитизмот“, рече Фезер.
Во четвртокот наутро полицијата пребарала 54 локации низ Германија, фокусирајќи се на централата во Хамбург и Сината џамија која е под раководство на IZH.
Според недокажаните тврдења на Германија, IZH е тесно поврзан со владата во Техеран, а постои сомнеж дека оваа организација ја поддржува работата на Хезболах.
Хамбург со децении е познат како упориште на исламистичката сцена во Германија, а во овој град наводно биле активни и извршителите на терористичкиот напад врз САД во 2011 година.